16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрската економија порасна вештачки со над 26% во 2015-та година

Ирската економија порасна вештачки со над 26% во 2015-та година

irska 3535

Ирската економија се зголемила за повеќе од една четвртина од минатата година, откако компаниите ги преместија даночните адреси во земјата, пишува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ пораснал за 26,3%, во споредба со порано објавениот раст од 7,8%, покажуваат податоците на Националната статистичка служба. Ревидираните податоци се должат на „целосни и ажурирани информации“ наспроти онаа која била на располагање претходно во оваа година.

Во првото тримесечје економијата порасна за 2,3% на годишна основа. Економистите прогнозираа раст на БДП-та од 7,3%, покажува просечната прогноза во истражувањето на „Bloomberg“.

„Ние сме мала економија и ако имаме голем пораст на активата, се случува ова“, изјави Мајкл Конели од Националната служба за статистика во Даблин.

Даночните инверзии за вештачко зголемување економијата на Ирска, како глобалните профити на компаниите кои ги преселија централите во земјата се придонесуваат за дел од бруто националниот доход (БНД) на земјата. Од 2008-ма година корпоративните преместувања го зголемија БНД со околу 7 милијарди евра, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Нето извозот во првите три месеци од оваа година се зголемува со 11,2%, но инвестициите се намалуваат со 16,1%.

Министерот за финансии Мајкл Нунан изјави дека соодносот на долгот кон БДП сега се очекува да биде околу 80%, значително пониско од очекувањата за 88% во летниот економски извештај, објавен минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП