2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилепското средно економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ со нови инвестиции

Прилепското средно економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ со нови инвестиции

pp 99

Денес во Прилеп беше свечено одбележан почетокот на проектот со кој тамошното средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ добива 137.000 евра за обнова на зградата и фасадата на училиштето со термоизолација, покривната конструкција и за штедење на енергијата.

Општина Прилеп е партнер во проектот „Tематската мрежа на oдржлива енергија на прекуграничните локални власти“ – ЕНЕРЏИНЕТ кој е во фаза на имплементација.

Проектот е одобрен за финансирање од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Во проектот како партнери се вклучени пет општини во прекуграничниот регион: Велес и Прилеп од Македонија и Лерин, Ираклија и Висалтија од Грција.

Вкупниот буџет на проектот за сите пет партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Општина Прилеп е околу 128.000 евра. Од тоа 85 отсто од финансиските средства се обезбедени од Европската унија, преку ИПА програмата, а 15 проценти национално кофинансирање.

Во рамките на овој проект планирани се повеќе активности како работилници и презентации за подигање на јавната свест за одрживата енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите пет општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. а за секоја општина е планирано да се реализира по еден инфраструктурен пилот проект во кој практично ќе се применат мерки за енергетска ефикасност.

„Во Општина Прилеп како демонстративен пилот проект ќе се реализира проектот за реконструкција на средното училиште ‘Кузман Јосифоски Питу’, а зафатот опфаќа замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поставување на термоизолациона фасада, замена на покрив и изолација на покрив, како и поставување на нова громобранска инсталација. Вкупниот буџет за оваа реконструкција изнесува околу 80.000 евра. Денес го означуваме отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на училиштето и спред плановите истото треба да биде завршено пред отпочнувањето на новата учебна година. Овој проект ќе има големо значење за подобрување на условите за одржување на настава во ова училиште, а со примената на сите мерки за енергетска ефикасност ќе се придонесе и за заштеда на финансиски средства’, рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Покрај Ристески, почетокот на проектот го поздравија со своето присуство и претставниците на Делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро Ди Вероли, раководител на одделот за Регионален развој, социјална политика, земјоделство и прекугранична соработка, Димитар Малиновски и државниот секретар од Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП