11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМатурантите ја положија државната матура со просечна оценка 3,42

Матурантите ја положија државната матура со просечна оценка 3,42

drzavna matura 33

Просечната оценка на постигањата на матурантите за оваа година е 3,42 и е повисока  во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3,37, рече министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу.

„Прелиминарните резултати, кои се и конечни за оние кои нема да приговараат, ќе бидат објавени денес во 12:00 часот на огласните табли во училиштата и на интернет страницата matura.gov.mk. За учениците кои сметаат дека треба да достават приговор, истото можат да го направат преку  училишната матурска комисија на 14 јули 2016 година, во периодот од 12 до 15 часот. Резултатите од приговорите ќе бидат објавени на 20 јули во училиштата“, рече Лутфиу.

Оваа учебна година државна матура полагаше деветтата генерација на ученици кои го завршуваат средното училиште. Матура полагале  вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП