21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарпош добива повеќе градинки

Карпош добива повеќе градинки

карпос-стево

Општина Карпош и Министерството за труд и социјална политика, со заедничката акција градат нов клон на детската градинка „Пролет“, која се наоѓа во населбата Козле.

По тој повод, во вторник, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, го посетија објектот во изградба, кој треба да го зголеми капацитетот за прием на дечињата од предшколска возраст.

„Во градинката „Пролет“ во Козле која што има два клона, за упис во континуитет чекаат од 70 до 90 деца. Со отворање на овој трет клон, практично ќе ги згрижиме сите деца кои живеат на територијата на урбаните заедници „Пецо Божиновски – Кочо“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Локалната самоуправа ќе се погрижи за хортикултурното уредување, покрај тоа што го обезбедува на располагање и овој објект“, рече градоначалникот Јакимовски.

Во исто време, општина Карпош ќе гради целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 и 2, а ќе ја реконструира детската градинка „Орце Николов“ во населбата Карпош 4. Со завршување на овие проекти, сите урбани заедници на територија на општина Карпош ќе добијат предшколски установи.

Во план е изградба на нова градинка во населбата Бардовци, која исто така е заеднички проект со Министерството за труд и социјална политика, која министерот Спасов ја посочи како успешен модел на меѓуинституционална соработка, која треба да ја практикуваат и останатите локални самоуправи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП