19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве изгубени децении за италијанската економија

Две изгубени децении за италијанската економија

Italian recession

Италијанската економија нема да се врати на нивото забележано пред финансиската криза во 2008 година се до средината на следната деценија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

ММФ исто така укажа и на „две изгубени децении“ за Италијаните.

До средината на следната деценија, економијата на останатите членки од евроозната ќе биде за 20 до 25 проценти поголема отколку во 2008-та година.

ММФ сега очекува дека италијанската економија, трета по големина во еврозоната, ќе порасне за помалку од еден процент оваа година. Претходно беше прогнозиран раст за 1,1 проценти.

За следната година е прогозиран економски раст на Италија за околу еден процент, пренесува BBC.

Италијанските банки се оптеретени со големи долгови поради давањето на лоши кредити и можеби ќе им биде потребна значителна финансиска поддршка.

ММФ соопшти дека закрепнувањето на италијанската економија веројатно ќе биде „чувствителен и долг процес“ и дека властите во таа земја се соочени со „монументален предизвик“.

ММФ минатата недела ја намали прогнозата за раст на еврозоната како целина поради очекуваното влијание од гласањето на Британија за напуштање на ЕУ. Оваа институција сега очекува дека еврозоната оваа година економски ќе зајакне за 1,6 проценти, а следната за 1,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП