12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштен во употреба нов кружен тек во Скопје

Пуштен во употреба нов кружен тек во Скопје

кружен-мужен

Новиот кружен тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец во вторник официјално беше пуштен во употреба.

Ова ново сообраќајно решение придонесе да се зголеми безбедноста во сообраќајот од Автокоманда кон Железара, а просторот доби целосно нов и уреден лик.

„На местото на постојната крстосница меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце Металец, на должина од 240 метри. Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од 3 метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, покриена со бекатон-плочки. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација со Ф 600 милиметри и Ф 400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри. Во текот на градежните работи е извршена заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мрежа со Ф 200 милиметри, на должина од 52 метри“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

На кружениот тек е поставено и ново улично осветлување, со 35 столба со висина од 8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати.

Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња, а уредувањето на зелените површини го извршија екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец изнесува околу 53,6 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП