ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот министер за финансии се среќава со инвеститорите од Волстрит

Британскиот министер за финансии се среќава со инвеститорите од Волстрит

Dzordz-Ozborn---opkoo

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ќе се сретне со инвеститорите од Волстрит, со што ќе ја започне серијата посети на водечките меѓународни финансиски центри.

Озборн се среќава со инвеститорите од Волстрит во обид да изгради нови економски односи по Брегзит, пренесува Танјуг.

„Клучната работа на изградбата на посилни економски и трговски односи со најблиските трговски партнери на Британија ќе почне денеска“, се наведува во соопштението на Озборн.

Тој следната недела ќе ја предводи трговската мисија во Сингапур и Кина, откако Британија во јуни гласаше за излегување од ЕУ.

„Ќе продолжиме да бидеме светилник во слободната трговија, демократијата и безбедноста, отворени кон светот од било кога“, се наведува во соопштението.

По Брегзит, Озборн најави дека заради стравувањата од бегство на големите компании, ќе го намалат корпоративниот данок под 15 отсто од сегашните 20 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП