18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарскиот регулатор во САД го засилува надзорот над кредитирањето за деловен простор

Банкарскиот регулатор во САД го засилува надзорот над кредитирањето за деловен простор

real-640x411

Федералниот банкарски регулатор на САД го затегнува надзорот над банкарските кредити за секторот на бизнис имотите, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на институцијата.

Според регулаторот се зголемиле ризиците поради забрзаното кредитирање на инвеститорите во деловен простор во услови на рекордно ниски камати, наведува новинската агенција.

Регулаторот нагласува дека финансиското претставување на американските кредитори е подобрено во текот на 2015-та година во споредба со 2014-та година, но се забележува и значително зголемување на кредитните ризици поради конкуренцијата на пазарот.

Веќе повеќе од седум години Федералните резерви на САД ја задржуваат каматната екстремно ниска со цел да помогне во економското заздравување по кризата од 2008-ма година. Оваа политика сепак им создава на приходите на банките и затоа тие почнаа поактивно да кредитираат.

Конкуренцијата на кредитниот пазар ги предизвикува и ризиците, посочуваат од банкарскиот регулатор во земјата. Финансиските институции значително ги намали кредитните стандарди во последните две години, за да го зајакнат нивниот профит.

Освен за кредитирањето на инвеститорите во деловен простор, Агенцијата нагласува и за стравувањата за кредитите за купување на автомобили.

Податоците на регулаторот покажуваат уште дека финансиските резултати на помалите доверители се подобри во споредба со оние на големите. Банките со средства под 1 милијарда долари постигнуваат над 10% поврат на капиталот во минатата година, додека враќање кај банките со средства над 1 милијарда долари е едноцифрена бројка во процентуален израз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП