3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМажи престанете да пиете газирани пијалоци!

Мажи престанете да пиете газирани пијалоци!

gazirani sokovi

Сите знаеме дека газираните пијалоци не се добри за забите и обемот на вашата половина, но сега постои уште една многу добра причина да престанете засекогаш да ги пиете. Мажи, обрнете внимание!

Најновото истражување на научниците од Универзитетот во Копенхаген покажа дека консумирањето на неколку лименки газиран сок во текот на денот остава фатални последици на машките репродуктивни органи.

Тие открие дека еден литар испиена кока кола на ден може да предизвика редукција на производството на сперма за 30 проценти и да доведе до еректилна дисфункција.

Истражувањето исто така покажа дена не постои поврзаност меѓу кофеинот и бројот на сперматозоиди, што укажува дека проблемот го предизвикува некоја друга состојка. Тестирањето било извршено на примерок од 2,554 млади мажи кои пијат доста кока-кола и откриено е дека тие произведуваат 35 милиони сперматозоиди по милилитар во однос на 56 милиони кај оние кои пијат умерено.

Иако овие бројки и понатака се во границите на нормалата, редукцијата на бројот на сперматозоиди за така голем процент ги намалува шансите за потомство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП