3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda ќе понуди уште два спортски модели

Skoda ќе понуди уште два спортски модели

sk rs 33

Палетата спортски модификации на моделите на „Skoda“ ќе биде пополнета со спортски верзии на седанот „Superb“ и на се уште неизлезениот кросовер „Kodiaq“, чија премиера ќе се одржи на автосаемот во Париз. Тоа го објави „Auto Express“, повикувајќи се на генералниот директор на компанијата Берхард Мајер.

Според него повеќе клиенти на брендот се ориентираат кон моделите „Octavia“ и „Superb“ со спортскиот пакет „Sportline“. Токму тоа е причината Чесите да размислат за проширување на линијата со „напумпани“ модификации, во која во моментов е исклучиво „Skoda Octavia RS“.

Според Мајер во компанијата ќе се ориентираат кон големите модели, иако симпатизерите на брендот сакаат да видат и компактен хечбек „RS“. Во „Skoda“ размислувале за претставување на таков автомобил, но пресметале дека тој нема да се продава добро и затоа нема смисла воопшто да се работи на сличен проект. Поради оваа причина беше запрена спортската верзија на „Fabia“.

Спортските „Superb“ и „Kodiaq“ ќе излезат на крајот на 2018-та или почетокот на 2019-та година. Нивното одложување за сличен период се должи на фактот дека во компанијата планираат да вложуваат во блиска иднина на развој на хибридните технологии. Со нивна помош „Skoda“ се надева да се претстави уште подобро и на американскиот пазар.

„Во САД се продаваат околу 25% од автомобилите на глобално ниво и треба да сме луди, за да го игнорираме тоа. Пазарот таму сепак значително се разликува од оној во Европа и ние внимателно ги следиме процесите на него. Нема да го забавиме процесот, но пак сме свесни дека со излегувањето на „Kodiaq“ го имаме сето потребно за да чекориме сериозно во САД“, објасни Мајер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП