26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлтернативните средства се приоритет за инвестициските менаџери

Алтернативните средства се приоритет за инвестициските менаџери

Hedge-fund

Инвестициските менаџери во светот ги зголемуваат со умерено темпо инвестициите во т.н. алтернативни средства, вклучувајќи и во имотот, покажуваат податоците од истражувањето на консултантската компанија „Willis Tower Watson“.

Најголемите 100 алтернативни инвестициски менаџери ги зголемиле вложувањата во алтернативни средства со 3% во 2015-та година до 3,61 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на компанијата. Растот на вложувањата на пензиските фондови од испитаниците во алтернативни средства е 5%.

Статистиката покажува уште дека вкупниот обем на алтернативните средства на глобалните менаџери достигнува над 6,2 илјади милијарди долари кон крајот на минатата година.

alternativni menadzeri3

„Насочени кон различни средства од акции и обврзници, се приоритите  меѓу институционалните инвеститори во светот. Овие стратегии помагаат да се управува и диверзифицира ризикот“, коментира Љуба Никулина од консултантската компанија.

Никулина прогнозира дека економската несигурност и нестабилните услови веројатно ќе го поддржуваат трендот.

Од 100-те најголеми инвестициски менаџери опфатени со истражувањето, најголем удел на алтернативните средства се имотите – 34% од сите средства. Следат хеџ фондовите со 21%, средствата за приватен капитал со 18% и други инвестициски фондови со 12%.

alternativni menadzeri4

Никулина нагласува дека сепак диверзификацијата на инвестициските портфолија не се случува по секоја цена. Инвеститорите внимателно избираат средства кои би им донеле не само враќање, но и добра вредност за нивните пари.

Најактивни при диверзификацијата на портфолијата со алтернативни средства и најмногу имот се скандинавските институционални инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП