
Европската унија проценува дека одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ би можела да доведе до намалување од 2,5 проценти на британскиот БДП следната година.


Европската унија проценува дека одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ би можела да доведе до намалување од 2,5 проценти на британскиот БДП следната година.
Европскиот комесар за економија и финансии Пјер Московиси изјави дека според прелиминарната проценка на трошоците на Брегзит, неизвесноста поврзана со одлуката на референдумот на 23-ти јуни би можела да го намали британскиот БДП меѓу еден и 2,5 проценти.
Московиси изјави дека БДП на останатите 27 членки би можел да биде намален меѓу 0,2 и 0,5 проценти.
Тој изјави дека тоа не се официјални проценки, како и дека намалувањето на БДП би можело да биде помало ако се намали неизвесноста и се даде соодветниот политички одговор.
Министрите за финансии на еврозоната денес на состанокот во Брисел ги разгледаа финансиските последици по одлуката на Велика Бритаија да отстапи од ЕУ и ги повикаа властите во Лондон брзо да реагираат во решавањето на проблемите по Брегзит.