17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија се забрзува во јуни

Инфлацијата во Германија се забрзува во јуни

ger infla 00

Потрошувачките цени во Германија во јуни запишуваат раст на годишна основа, покажуваат финалните податоци на федералната служба за статистика „Destatis“, цитирани од „WBPonline“.

Инфлацијата се забрзува од 0,1% во мај до 0,3% во јуни во однос на истиот месец од минатата година.

Така инфлацијата се забрзува до највисокото ниво од март, откако во мај беше само 0,1 отсто.

На месечна база цените растат со 0,1% – исто колку и во мај.

Последните макроекономски податоци од Германија упатија мешани сигнали, посочува „WBPonline“.


source: tradingeconomics.com

Во мај трговскиот вишок се намали до 21 милијарди евра во позадина на предвидувања за вредност од 23,5 милијарди евра. Извозот се намали за 1,8% при сезонски прилагодени податоци, откако минатиот месец се зголеми за 0,1 отсто.

Покрај тоа индустриското производство се намали за 1,3% на месечна основа во мај. На годишна основа имаше намалување од 0,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП