9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија и Португалија можеби првите казнети за фискална недисциплина

Шпанија и Португалија можеби првите казнети за фискална недисциплина

каз

Министрите за финансии на земјите од еврозоната треба денес да ги поддржат заклучоците на Европската комисија дека Шпанија и Португалија не преземале ефикасни мерки за своите буџетски дефицити да ги сведат во дозволените рамки, со што се создава можност за санкции.

„Изразена е силна поддршка за препораките на Европската комисија“, изјави во понеделникот по состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната (еврогрупата), претседателот на ова тело Јероен Дијселблом.

Доколку министрите за финансии од еврозоната ги прифатат во вторникот во рамките на состанокот на Своето за економски и финансиски работи (ECOFIN) препораките на Европската комисија, тогаш започнува да тече рокот од 20 дена во кој ЕК ќе ги разгледува предлозите за можни санкции против двете земји, појасни еврокомесарот за финансиски прашања Пјер Московиси.

Досега ниеднаш не е покрената постапката за санкционирање на држава членка на еврозоната поради непреземање мерки за зауздување на буџетскиот дефицит.

Предлогот на ЕК мора да ги прифатат државите членки за да може да стапи на сила. Казната може да изнесува најмногу до 0,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Московиси изјави дека сега ќе започне дијалог со министрите за финансии на Шпанија и на Португалија, за да се види што имаат намера да преземат за да ги поправат буџетските ситуации на нивните земји.

Шпанија минатата година имаше буџетски дефицит од 5 отсто од БДП, што е далеку над дозволениот лимит од 3 отсто од БДП. Според проекциите на ЕК, кои се прифатени во Советот на ЕУ, шпанскиот дефицит минатата година би требало да биде намален на 4,2 отсто. Ситуацијата е уште посложена од тоа што Шпанија уште од ланскиот декември и по повторени парламентарни избори не успева да формира влада.

Португалија минатата година имала дефицит од 4,4 отсто од БДП, додека според проекциите на ЕК би требало да биде намален под 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП