Почетокот на оваа трговска недела започна со низок промет при што индексот МБИ-10 имаше минимален пад од 0,01 отсто, додека индексот на обврзниците ОМБ имаше пад од 0,16 отсто.
Најголемо учество од 35 отсто во вкупниот промет оствари обврзницата за денационализација од петнаесеттата емисија (РМДЕН15), при што се истргуваа 19.507 лотови по цена од 92 проценти од номиналната вредност.
Кај акциите промет имаше со дванаесет хартии при што четири имаа раст на цената, пет пад и четири беа без промена.
Промет од над милион денари немаше ниту една акција, а единствено акцијата на Макпетрол имаше позначителен промет од 940 илјади денари со истргувани 41 лотови по просечна цена од 22.941,39 денари.