3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЦртеж на Дега продаден за 462.500 евра

Цртеж на Дега продаден за 462.500 евра

дега---

Цртеж на францускиот сликар Едгар Дега, кој во 1940 година бил одземен од германските нацисти а неодамна вратен на семејството на сопственикот, продаден е во неделата за 462.500 евра на надавање во близина на Париз.

Неименуван италијански колекционер лицитирал телефонски најголема сума за цртежот со наслов „Бисти на три танчарки“, прецизираше аукциската куќа Osena, којашто го организирала наддавањето.

Цртежот со јаглен на паус хартија, Едгар Дега го нацртал околу 1898 година. Цртежот беше проценет на сума меѓу 350.000 и 450.000 евра.

Во март 1940 година делото го конфискувале нацистите од еврејскиот лекар Морис Драјфус. Цртежот е пронајден во 1951 година во плакар настојникот на поранешната германска амбасада во Париз.

Предадени е на музејот Лувр пред да биде идентификуван како сопственост на семејството Драјфус, а 65 години подоцна делото со помош на новите процедури кои ги покрена француското министерство за култура е вратено на семејството на сопствениот, кое се реши веднаш да го продаде.

„Како да добивме подарок од небото кога слушнавме за пронаоѓањето на цртежот на Дега. Тоа е како татко ми да ни дава подарок од зад гробот“, вели за AFP Вивиен, ќерката на Драјфус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП