11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Индустриското производство во Италија

Пад на Индустриското производство во Италија

italija indu 33535

Индустриското производство во Италија се намалува во мај и создава дополнителни потешкотии пред плановите на премиерот Матео Ренци да ја заживее економијата, пишува „Bloomberg“.

Падот изнесува 0,6% во однос на април, кога порасна за 0,4%, покажуваат податоците на Националната статистичка служба „Istat“. Просечната прогноза на 16 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, беше за раст од 0,1% во мај. На годишна основа по обработката на податоците за бројот на работните денови, индустриското производство се намалува за 0,6%.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува италијанската економија да се прошири за 1,1% во оваа година, што би било слаб раст во споредба со повеќето земји во еврозоната. Заканата од криза во италијанскиот банкарски сектор и несигурноста по британскиот референдум дополнително го отежнуваат планот на Матео Ренци да го поттикне растот, посочува „Bloomberg“.

Италијанската економија е трета по големина во 19-члениот монетарен сојуз и се врати кон растот во  минатата година, излегувајќи од најдолгата рецесија од Втората светска војна, па наваму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП