4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалските обврзници итаат кон најдолгата серија на падови од февруари

Португалските обврзници итаат кон најдолгата серија на падови од февруари

portugal bonds1

Португалските државни обврзници поевтинуваат петти ден по ред и се наближуваат кон најдолгата серија намалувања од февруари, па наваму, бидејќи владата е загрозена од казна поради прекршување на правилата на Европската унија (ЕУ) за буџетскиот дефицит, соопшти „Bloomberg“.

Приносот по 10-годишните хартии од вредност постепено се зголемија над тримесечното дно, постигнат на 1-ви јули.

Минатата недела Европската комисија предложи Португалија и Шпанија да бидат казнети поради непочитување на ограничувањата за буџетскиот дефицит. Претстои министрите за финансии во еврозоната да се произнесат по прашањето.

Владата во Лисабон треба да се справи и со лошите кредити во банкарскиот систем. Властите се предмет на критики поради тоа што укинуваат некои од реформите воведени додека делуваше спасувачката програма.

„Португалија беше проблематично дете од периферијата. Нејзините обврзници настрадаа откако новата влада престана со некои од претходните реформи и мерки за штедење. Португалија е назад во фокусот на вниманието“, вели Мариус Дахаим, висок каматен стратег во „SEB“ во Франкфурт.

portugal bonds

Денеска приносот на 10-годишните обврзници e 3,108%. На 1-ви јули вредноста беше 2,91%.

Приносот за шпанските обврзници со ист рок на достасување е 1,1973%, а пак италијанските растат до 1,201%.

Португалските обврзници се најлошите кои се претсавија во еврозоната во оваа година, откако поевтинија за 1,4%. Италијанските поскапеа за 3,9% од почетокот на годината, а германските со 7,1%, покажуваат податоците на „Bloomberg World Bond Indexes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП