9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Boerse и LSE размислуваат за отстранување на клучните пречки за спојувањето

Deutsche Boerse и LSE размислуваат за отстранување на клучните пречки за спојувањето

берзи-франкфурт

Франкфуртската берза соопшти во понеделник дека размислува за отстранување на клучните пречки за продолжување на планираното спојување со лондонскиот оператор на пазарот на акции London Stock Exchange (LSE).

Акционерите на германскиот берзански оператор Deutsche Boerse имаат рок до вторник да одлучат дали ќе ги заменат своите акции за акциите на новата компанија настаната со спојувањето.

Според условите на договорот, 75 отсто од акционерите на Deutsche Boerse мора да се согласат на замена за да продолжи спојувањето.

Денеска од германската компанија известија дека размислуваат за спуштање на тој праг од технички причини, за да се овозможи учество на индексните фондови. Индексните фондови претставуваат до 15 отсто од акциите на Deutsche Boerse, а технички можат да ги понудат своите акции на замена откако ќе ја прифати квалифицираниот удел на акционери.

Замената на акциите трае два дена.

Акционерите на London Stock Exchange Group уште минатата недела гласале за поврзување, и покрај стравувањата дека планот би можело да го расипе британското напуштање на ЕУ. Договорено е акционерите на Deutsche Boerse да добијат 54,4 отсто од уделот во новата компанија, а акционерите на LSE 45,6 отсто.

Од своја страна, германскиот економски весник Handeslblatt пишува дека двете компании размислуваат да ги преселат клириншките активности во евра во Франкфурт, по британската одлука за излез од ЕУ. Во моментот овие работи ги обавува одделот на LSE во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП