16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроблемите со фондовите за имот ги ставија Британските банки во центарот на...

Проблемите со фондовите за имот ги ставија Британските банки во центарот на вниманието

gradenj444

Британските банки повторно се ставени во центарот на вниманието поради изложеноста во секторот на имоти.

Изложеноста на доверителите кон имотни средства надминуваат 65 милијарди фунти (84 милијарди долари), што е речиси една третина од вкупната пазарна евалуација на најголемите финансиски институции, покажуваат податоците на „Goldman Sachs Group Inc.“, цитирани од „Bloomberg“.

Според аналитичарите, банките на Островот може да бидат принудени да претрпат загуби поради запирањето на најголемите фондови за инвестиции во недвижности.

Новинската агенција потсетува дека според стрес тестовите на „Bank of England“, падот на цената на имотите со 30 отсто ќе го намали банкарскиот капитал со околу 3%.

Во меѓувреме британскиот „Sunday Telegraph“ објави информација, според која британската централна банка размислува за ограничувања за фондовите за имот, за да избегне нова криза во обем на онаа во 2007-2008 година.

Се разгледува и воведување на правило инвеститорите кои сакаат да излезат од фондовите порано, да добиваат пари пресметани при пониски цени на средствата на фондовите, како и на дополнителни ликвидни амортизери, соопштува „Ројтерс“.

Медиумот не кажува од каде ја има оваа информација, а од британската централна банка засега не сакаат да коментираат.

Агенцијата потсетува дека и порано Англиската централна банка (АЦБ) е загрижена за отворените фондови за имот, чии средства практично стануваат неликвидни во време на криза, а истовремено на инвеститорите им се овозможува да ги повлекуваат своите пари без предупредување и известување.

Во врска со ова, властите размислуваат да воведат и услов за најава со рок од минимум 30 дена до 6 месеци при повлекување на средства. Ова ќе им даде време на фондовите да ги реализираат своите средства, без да се направи големи отстапки од цената, за да можат да ги задоволат барањата на инвеститорите.

Во позадина на паниката околу закочените инвестициски фондови за недвижности, сепак американската компанија за приватен капитал „Madison International Realty“ објави дека планира да инвестира 1 милијарда фунти во нивни средства.

Одлуката на компанијата е повреден знак за тоа како опортунистичките инвеститори ќе се обидат да ја искористат ситуацијата на пазарот на Островот, откако на 23-ти јуни 52% од Британците избраа на референдум нивната земја да ја напушти Европската унија (ЕУ).

Компанијата веќе разговарала со претставници на некои од фондовите. Компаниите посредници на пазарот на недвижности, како „Knight Frank“ и „Cushman & Wakefield“, исто потврдија дека имало контакт со нив.

На крајот на минатата недела британскиот финансиски регулатор предупреди дека некои од средствата ќе треба да укинуваат одлуки за престанок на трговијата и да им обезбедат на инвеститорите пристап до нивните пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП