3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа ЕУ и се заканува нова криза, банките во Италија во проблеми

На ЕУ и се заканува нова криза, банките во Италија во проблеми

evro

На ЕУ и се заканува нова криза која овој пат би можела да произлезе од Италија – италијанската економија слабее, намалена е куповната моќ, се помал е бројот на инвестиции, а некои компании дури и банкротирале.

Сето тоа ги ослаби италијанските банки на кои им се потребни 40 милијарди евра за да ги санираат своите биланси.

Официјален Рим се надева дека ЕУ ќе им помогне во тоа, но во меѓувреме, вредноста на акциите на најголемата италијанска банка „Unicredit“ од почетокот на оваа година падна за дури 65 проценти.

Акциите на банката „Intesa Sanpaolo“ забележаа пад од 45 проценти во истиот период.

Во моментов во најголеми проблеми е најстарата светска банка „Monte dei Paschi di Siena“, трета по големина во Италија.

Цената на нејзините акции за неполна година падна за дури 85 проценти.

Износот на неповратни кредити само во таа банка достигна речиси 47 милијарди евра, предупредуваат економските експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП