19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го „освежи“ теренецот Pathfinder (фото+видео)

Nissan го „освежи“ теренецот Pathfinder (фото+видео)

pathfinder 00

Компанијата „Nissan“ ја претстави обновената верзија на теренецот „Pathfinder“, моделот за година 2017-та. Преработен е дизајнот на возилото, кој освен тоа има добиено дополнителна опрема и целосно модернизиран двигагател.

Изгледот на машината е целосно во стилот на новата насока на корпоративниот дизајн на компанијата – променети се браниците, формата на предните светла и дополнителните светла, капакот и решетката на ладилникот. Светлата на трепкачите веќе се поставени на страничните ретровизори. Резултатот е намалување на коефициентот на отпор на воздухот – од 0,34 на 0,326.

pathfinder 01

Теренецот ќе се нуди во две дополнителни бои – „Sandstone“ и „Caspian Blue“. Во кабината има нови материјали, а опремата е значително збогатена. Основната верзија на „Pathfinder“ веќе доаѓа со 8-инчен екран чувствителен на допир (досега тој беше 7-инчен). Постојат дополнителни „USB“-порти, микрофон и обновен приказ на инструмент панелот. Кај поскапите нивоа на опрема се нудат два дополнителни 8-инчни екран, кои се ставаат на грбот на предните седишта.

pathfinder 02

Во „Nissan“ презеле мерки за дополнителна заштита на возачот и патниците, така што автомобилите се опремени со нов систем за безбедност. Тие ги откриваат подвижните објекти околу возилото со помош на камери, а освен тоа има интелектуален крус-контрол и со систем за екстремно сопирање.

Големата промена во технички план е преработката на моторот, кај кого повеќе од половина елементи, вклучувајќи го и системот за вбризгување на горивото, се променети. На крајот моќноста на 3.0-литарскиот мотор е зголемена од 260 на 284 КС, а максималниот вртежен момент е зголемен од 325 на 361 Нм. Со овој агрегат теренецот може да повлече до 2700 кг, што е за 450 кг повеќе од досега.

pathfinder 03

Инженерите на „Nissan“ ја преработуваат и суспензијата на „Pathfinder“, што е за 11% поцврста. Подобрена е отпорноста на автомобилот, особено при преминување на кривини, намалени се и вибрациите во кабината.

pathfinder 04

Теренецот ќе се појави на пазарот кон крајот на годината. Претстои да бидат објавени цените, но според претставник на брендот тие нема да се разликуваат значително од оние на сегашната верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП