21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsiCo не очекува последици од Брегзит

PepsiCo не очекува последици од Брегзит

M-Pepsi-TruckNewLogo

Компанијата PepsiCo во вториот квартал оствари добивка поголема од очекувањата, благодарејќи на намалувањето на трошоците на продажбата, поголемата побарувачка за грицки и нови пијалаци во Северна Америка.

Според деловниот извештај, трошоците на продажбата на тој производител на пијалаци и грицки падна за три месеца, заклучно со 11 јуни, шест отсто, што придонесе за раст на нето добивката 1,3 отсто во однос на истиот минатогодишен период, на 2,01 милијарди американски долари.

Нето приходот паднал 3,3 отсто на годишно ниво, на 15,4 милијарди долари, што е нешто повеќе од просечната прогноза на аналитичарите од 15,37 милијарди американски долари.

PepsiCo и останатите слични компании повеќе трошат на развој на нови производи за да ги задоволат променливите вкусови на потрошувачите кои сѐ повеќе бараат поздрави опции.

PepsiCo ја удвои потрошувачката на истражување и развој во последните пет години, па новите производи сега сочинуваат девет отсто од приходите на компанијата, во однос на петте отсто од пред неколку години.

„Зајакнатото работење во Северна Америка е голем двигател оваа година бидејќи тој регион во моментот бележи силни резултати. Потрошувачите се подготвени да платат за пристапни слатки кои ги сметаат за нови и интересни“, рече финансискиот директор на PepsiCo Хју Џонстон.

Тој наведе дека PepsiCo е по малку изолиран од можните трговски пореметувања поврзани со Брегзит, бидејќи компирот што се користи за чипсот Walkers, го одгледуваат локално.

„Покрај тоа, производите на компанијата се пристапни за потрошувачите во развиените земји, така што можните пореметувања во глобалната економија предизвикани од Брегзит ќе имаат мало влијание врз PepsiCo”, заклучи Џонстон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП