17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленило и детско игралиште зад "Зелен пазар"

Зеленило и детско игралиште зад “Зелен пазар”

зеленило-зелен-пазар

Општина Центар целосно ќе го реконструира тревникот околу станбените блокови зад “Зелен Пазар” (8000 м2), на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица „Македонија“, ќе се засадат нови 2.300 садници, кои ќе се наводнуваат со автоматски систем приклучен на хидрантската парковска мрежа.

За поголема разиграност на просторот, планирани се неколку алпинетуми, формирани од различен вид садници, како и цветни леи со 3.000 петунии.

Паркот ќе ја задржи убавината во текот на целата година, бидејќи ќе се посадат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи. На локацијата ќе има и 2 зимзелени магнолии, со бели цветови.

„Старото и руинирано детско игралиште е веќе извадено. Тука децата ќе можат да си играат на нови и современи реквизити. За нивна поголема безбедност, ќе биде поставена и заштитна гумена подлога, која е лесна за чистење и за одржување. Со ова, општина Центар комплетно го реновираше целиот Градски ѕид. Во сите негови сегменти обновено е зеленилото, насадени се нови дрвја и цвеќе, поставен е систем за полевање и нови детски игралишта“, соопштуваат од Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП