26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако пазарот на уметност реагира на Brexit?

Како пазарот на уметност реагира на Brexit?

aukcija 33535

Одлуката на британците нивната земја да ја напушти Европската унија (ЕУ) ги натера дилерите и колекционерите да „замат здив“ чекајќи да видат како резултатите од референдумот ќе влијаат на пазарот на уметност, пишува „CNBC“.

Во 2015-та година, Велика Британија забележа пад од 19% во глобалната продажба на уметнички дела и антиквитети. Тоа беше најголемиот удел меѓу европските земји. Франција се рангираше на второто место со своите 5%, пишува „New York Times“, повикувајќи се на извештајот „TEFAF Art Market“.

Неодамна, сепак 58,2% од испитаниците, анкетирани од „Professional Advisors“ за истражувањето „International Art Market“, посочиле дека „Brexit“ ќе има негативно влијание врз пазарот.

Сепак главниот финансиски директор на „Sotheby’s“, Мајкл Гос тврди дека аукциската куќа е „убедена дека „Sotheby’s“ ќе продолжи да се развива и да се прилагодува на средината, без оглед што ќе донесе „Brexit““.

Според него во краткорочен период компанијата очекува мало влијание врз финансиската состојба од „Brexit“.

Позитивно е дека променетите девизни курсеви имаат потенцијал да ги направат британските аукции на уметнички дела многу атрактивни за глобалните купувачи на такви дела, додава тој.

„Би било избрзано да дадавме било какви специјални коментари за влијанието врз британскиот пазар на уметност во долг рок. Но, важно е да се има предвид дека сегашниот пазар на уметност е навистина глобален, бидејќи купувачите и продавачите се од сите делови на светот“, коментира директорот за комуникации на аукциска куќа „Phillips“, Мајкл Шерман.

Поевтинувањето на фунтата може да ја зголеми самодовербата на меѓународните купувачи дека ќе реализираат корисни зделки, тврдат некои експерти. Голем дел од купувачите доаѓаат од Азија и САД.

„Остануваме убедени во долгорочните изгледи за пазарот на уметност, а доказ за тоа е зголемениот број земји, претставени од учесниците во нашите аукции. Засега бизнисот оди како обично“, коментираа од „Christie’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП