14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Едер херој, Португалија шампион (видео)

ЕУРО 2016: Едер херој, Португалија шампион (видео)

едер-едер

Фудбалската репрезентација на Португалија ја освои титулата на 15-то Европско првенство, кое заврши вчера. Португалија во финалето ја победи Франција со голот на Едер постигнат во 109-та минута од натпреварот.

Португалците, во своето второ финале на ЕП-а, ја освоија првата титула, додека Французите пропуштија да ја освојат третата титула, втора на домашен терен.

Потугалија по четири децении успеа да слави над Франција, на големите натпреварувања, а победата за избраниците на Фернандо Сантош е уште поголема бидејќи е забележана без Крстијано Роналдо, кој поради повреда мечот го заврши во 24-та минута.

Роналдо, кој не блескаше на ова ЕП, по клупската титула со Реал успеа да ја покори Европа и со националниот тим.

Интересно, Португалија стигна до титулата, иако во 90 минути забележа само една победа, над Велс во полуфиналето. Во групата со Унгарија, Австрија и Исланд три пати ремизираше, во осминафиналето по продолженијата ја победи Хрватска, а во четвртфиналето пеналите решаваа против Полска.

Натпреварот, во регуларниот дел имаше очекуван тек, Франција ја контролираше играта, го имаше поседот на топката, а Португалија не отстапи од дефанзивната варијанта, со двоен блок пред својот гол.

Франција пропушти да го реши победникот во 90 минути и поради тоа беше сурово казнета.

Гризман ја имаше првата шанса во 10-та минута, но неговиот обид со глава од голот го извади Руи Патрисио. Во 24-та минута Роналдо го напушти теренот поради повреда на коленото.

По половина час игра Сисоко упати силен удар но Патрисо одново интервенираше.

Во вторто полувреме Гризман во 66-та минута од идеална позиција биеше лошо со глава.

Жиру имаше можност во 75-та минута, но португалскиот голман одново добро интервенираше.

Шансата на мечот за Франција ја имаше Жињак во 92-та минута, тој успеа да се ослободи од Пепе, Патрисио беше совладан но топката го погоди дирекот и се одби во поле.

Во продолженијата Португалците имаа подобри шанси. Едер по корнерот на Кварезма со глава шутирше во Љорис, потоа Рафаел Гереиро во 108-та минута ја, од слободен удар ја погоди гредата.

Шансата  на левиот бек на Португалија го најави голот на Едер една минута подоцна. Напаѓачот на Португалија речиси непречен од никого од 25 метри упати удар по земја кој заврши зад грбот на Љорис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП