29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК одобри 6,7 милијарди eвра за транспортна инфраструктура

ЕК одобри 6,7 милијарди eвра за транспортна инфраструктура

Fostering-growth-in-municipal-infrastructure-659x380

Европската комисија (ЕК) одобри 195 транспортни проекти кои ќе добијат финансирање од Механизмот за поврзување на Европа. Европските средства за овие проекти се вкупно 6,7 милијарди eвра, а очекувањата на Брисел се дека тие ќе привлечат и дополнително јавно-приватно финансирање во вредност од 9,6 милијарди евра.

Од Брисел прецизираат дека одобрените проекти се дел од главните трансевропски мрежи (TEN-T).

Во ЕК беа добиени 406 предлози за финансирање. Повикот за прибирање беше испратен во ноември 2015-тa година. Барањето за финансирање од речиси 12,5 милијарди евра сепак значително ги надминува расположливите ресурси.

Поради оваа причина, експертите избраа проекти, за кои проценката е дека се со највисока европска додадена вредност. Во исто време е загарантирана и балансирана дистрибуција на средствата по локација и по видови транспорт.

Одлуката на ЕК треба да биде потврдена и од Координативниот комитет за Механизмот за поврзување на Европа. Се очекува конечно да стане јасно за распределбата на средствата на крајот на јули.

Буџетот на Механизмот за новиот регулаторен период од 2014-та до 2020-та година е 24,05 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП