8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се валутите кои најмногу загубија на својата вредност од стартот на...

Кои се валутите кои најмногу загубија на својата вредност од стартот на 2016-та

britanska-funta0303

Британската фунта е на пат да заврши со намалување трета последователна недела, а главна причина се резултатите од референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Со падот од последните денови, фунтата го претекна аргентинскиот песоз како најголем губитник во однос на американскиот долар од вкупно 31 валутни парови. Тоа, сепак, едвај дека ќе биде крај на поевтинувањето на британската валута.

Макро стратегија на „Societe Generale SA“ во Лондон, вели дека поевтинувањето ќе продолжи и во наредните недели во позадина на несигурноста во однос на растот и странските инвестиции во земјата од влијанието на „Брекзит“.

Британската фунта предвидува минимален раст денес во однос на американскиот долар до 1.2970, но продолжува да е со 12% поевтина во однос на почетокот на годината. Во средата фунтата се намали до 31-годишен минимум од 1.2798 долари, а на тоа влијаеше и корисничката доверба во земјата, која се намали најмногу од пред 21 година.

Аргентинскиот и мексиканскиот песоз ги заземаат останатите челни места на листата, додека со раст од над 15% во однос на американскиот долар се јапонскиот јен, бразилскиот реал и руската рубља. Меѓу поскапите валути се уште малајскиот рингит, канадскиот долар и чилеанскиот пезос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП