18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ апелира ЕЦБ дополнително да ја олабави монетарната политика

ММФ апелира ЕЦБ дополнително да ја олабави монетарната политика

1731450234577fd09056008853884392_w640

ММФ ја повика ЕЦБ да го разгледа зголемувањето на програмата за откуп на актива, доколку инфлацијата во еврозоната не порасне од сегашното ниско ниво, јавува Блумберг.

„Со оглед на многу слабата перспектива за инфлација, ЕЦБ би требало да биде подготвена дополнително да ја олабави монетарната политика доколку инфлацијата остане под очекуваниот курс на прилагодување.“ Дефлаторните притисоци остануваат силни во 11 земји кои пријавиле негативна инфлација во мај“, се наведува во извештајот на ММФ за еврозоната.

Според актуелните насоки на ЕЦБ, централните банки во еврозоната трошат 80 милијарди евра месечно на купување на владини и корпоративни обврзници со цел да ја подигнат стапката на инфлација која подолго од три години не се приближила до целното ниво на ЕЦБ од нешто под 2,0 проценти.

Официјалните лица предивдуваат дека растот на потрошувачките цени ќе забрза на 1,6 проценти во 2018 година од 0,2 проценти проектирани за оваа година.

Дури и ако 19-члената еврозона влезе во 14-тиот квартал со позитивен економски раст, невработеноста и понатака е над десет проценти, во услови кога Британија одлучи да излезе од Европската унија, што, како што оценува ММФ, може да го загрози закрепнувањето на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП