9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто крие P&G од италијанските власти

Што крие P&G од италијанските власти

p&g aaa

Италијанските даночни власти истражуваат дали компанијата „Procter & Gamble“ ги пренасочувала приходите преку подружници со цел да избегне плаќање на данок во Италија.

Истрагата е фокусирана на тоа дали „P&G“ ги користел подружниците, како што е женевската гранка „Procter & Gamble International Operations “ за таа цел, изјави еден неименуван извор запознаен со ситуацијата.

„Целосно соработуваме со властите во овој конкретен случај и немаме дополнителни информации за објава во овој момент“, порача портпаролката на „P&G“, Џенифер Корзо.

Тоа е уште една во низа истрага која ја водат европските даночни власти поради сомневање за избегнување на плаќање на данок од страна на големите мултинационални компании.

Мал тим на службеници на Европската инија ја води истрагата која би можела да ги чини некои од најголемите светски компании, како што се „Apple“ и „Amazon“, милијарди евра казна поради избегнување на плаќањето данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП