8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Доколку банките потклекнат, државата ќе ги поддржи“

„Доколку банките потклекнат, државата ќе ги поддржи“

1456930188577fe64b3c28d485330512_w640

Гувернерот на италијанската централна банка Игнацио Виско изјави денес дека не ја отфрла можноста од државни интервенции во случај државните банки да потклекнат.

Во Италија, имено, расте загриженоста дека банкарскиот сектор, кој е оптеретен со ненаплатливи кредити во износ од 360 милијарди евра, би можел да предизвика појава на банкарска криза.

„Со оглед на ризикот според кој, во контекст на зголемената неизвесност, ограничените проблеми би можеле да ја поткопаат довербата во банкарскиот систем, можноста за државна интервенција не може да биде отфрлена“, изјави Виско во обраќањето кон италијанската банкарска асоцијација, пренесува агенцијата Франс прес.

Истовремено, италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан се обиде да ги смири заплашените акционери, порачувајќи им дека Италија продолжува да ги истражува сите можни начини со цел да дозволи државна интервенција која е во склад со прописите за државни субвенции, а се со цел заштита на штедачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП