25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако вашите шефови го сфаќаат "Тоа не е моја работа"

Како вашите шефови го сфаќаат “Тоа не е моја работа”

boss1

Вашето одбивање за извршување на одредени задачи, без разлика од каква природа се тие, кај вашите шефови ќе се интерпретира како недостиг на интерес, и на тој начин самите ќе си направите проблеми.
Единствената ситуација во која може да се каже: “Тоа не е моја работа” е ако вашиот работодавец ве праша за чистење на тоалетот. Во спротивно, ароганцијата и фрустрациите оставете ги на страна и исфрлете го на тенис или фудбал, советуваат професионалците за градење на кариери.

Денес, компаниите имаат потреба од мулти талентирани поединци кои сакаат да се пробијат на вешто во комбинација со тимска работа. Ние сме во потрага по луѓе кои можат да ја унапредат компанијата со своите идеи и не им е проблем да работат работа со која не е во описот на нивната работа, објаснува менаџерот Трејси Кешмен.
Шефовите се многу добро знаат кои работници се подготвени да го дадат својот максимум, а кои се всушност прикриени неработници. Во тешки економски времиња на менаџерите им се потребни луѓе на кои навистина можат да се потпрат. Дури и ако не сте еден од поединците кои “гинат” за нивната фирма, имајте на ум дека вложениот труд секогаш се исплати, а со избегнување на должност е лесно се најдете на црната листа.

Она што сте го одбиле вие, другите ќе го направат за вас, со што од себе правите да ве чуствуваат како вишок во работната околуна, велат експерти од човечки ресурси. Доколку мислите дека за одредена задача не сте квалификувани доволно, секогаш може да се консултирате со раководството и да побарате колегите да ви помогнат. Сфатете го тоа како предизвик.

Втората најголема грешка е да се обвинуваат другите за сопствената грешка, посочуваат експертите. Дури и ако не се  примети проблемот и не ве гризе совеста, вистината секогаш на крајот доаѓа на виделина, а за истата следуваат високи казни.

Лажењето дека сте болни  исто така треба да се избегнува, бидејќи секогаш случајно се дознава дека некаде сте уживале на некоја прошетка. Шефовите нема да имаат разбирање за таквото однесување.

Во природата на човекот е да се прераскажуваат настани, но злобно искривување на информации, измислување и ширење гласини е однесување кое треба да се избегнува на работното место, бидејќи може да се соочите со гневот на газдите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП