19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот ден од неделата половина од прометот со акциите на Комерцијална банка

Последниот ден од неделата половина од прометот со акциите на Комерцијална банка

македонска-берза

На последниот трговскиот ден неделава акцијата на Комерцијална банка АД Скопје учествуваше со 54,77 отсто во вкупниот промет на Македонската берза.

Преку 14 трансакции беше реализиран промет од 2.357.110 денари и истргувани 1.058 акции по просечна цена од 2.227,89 денари.

Зад неа на листата по промет се најдоа акциите на Стопанска банка АД Скопје со вкупно остварен промет од 733.975 денари и Телеком АД Скопје со промет од 417.945 денари.

Тргувањето со Обврзниците за денационализација после неколку последователни денови со висок промет, денес затаи. Не беше реализирана ниту една трансакција, со што индексот ОМБ остана на вредност од вчерашниот ден 127,53 индексни поени.

МБИ-10 денот го заврши на вредност од 1.793,98 индексни поени, со раст од 0,53 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП