24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди го менува дизајнерскиот речник

Ауди го менува дизајнерскиот речник

Audi-quattro-concept-01

Како што тврдат некои извори во Ауди забрзано се подготвуваат за големи промени во својот дизајнерски речник. Имено компанијата уште во ноември минатата година најави дека работат на нова дизајнерска стратегија.

Главниот дизајнер во Ауди, Вофганг Егер добил задача да го реконструира новото студио во Инголштад. Судејќи по информациите германскиот производител вработува дизајнери од Алфа Ромео и Сеат, а поранешниот главен дизајнер на Бентли, Дирк ван Брецкел сега е на чело на одделението за мотоспорт и оргинална опрема.

Егер за време на авто-саемот во Њу Јорк најави дека „scalable design“ го заврши својот животен век и дека е време за промени. Првиот модел на кој ќе се користи новиот дизајнерски речник ќе биде лансиран во наредните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП