22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна подготовката на Програмата за економски реформи 2017-2019

Започна подготовката на Програмата за економски реформи 2017-2019

programa 388

Во Министерството за финансии се одржа состанок по повод почеток на подготовката на Програмата за економски реформи 2017 – 2019, стратешки документ поврзан со подготовката за членство на Македонија во Европската Унија.

Оваа стратешка програма ги содржи клучните реформи во индустријата, внатрешниот пазар, образованието, транспортот, енергијата и животната средина, со кои ќе се подобри конкурентноста на македонската економија.

Во програмата ќе бидат опфатени и мерки кои се однесуваат на намалување на невработеноста, како мерки за усогласување на стручната подготовка со побарувачката на пазарот на труд.

„Програмата е заеднички резултат на повеќе институции, а целокупната подготовка се координира од страна на Министерството за финансии. Самата подготовка на оваа програма како кохерентен стратешки документ претставува потврда за капацитетот на администрацијата од аспект на координација и ефикасност на работа. Имајќи во предвид дека изработката на двете претходни изданија на Програмата беше оценета со добри оцени од страна на европската комисија. Министерството за финансии има намера да го задржи, но и подобри квалитетот на овогодинешниот документ“, рече министерот за финансии Кирил Миноски.

„Оваа програма е алатка за дијалог со Европската Комисија. Таа не е само барање на Европската Унија туку и план за напредок на економијата, за побрза интеграција кон ЕУ“, рече Јарослав Левичек, шеф на секторот за економски прашања и азил при Делегацијата на ЕУ во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП