17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте поддршката на Германците за ЕУ

Расте поддршката на Германците за ЕУ

Germany-687410

Како реакција на одлуката Велика Британија да истапи од Европската унија, во Германија првпат досега повеќе луѓе сметаат дека членството во ЕУ носи повеќе придобивки отколку што има недостатоци, покажа анкетата која во петокот на објави јавниот сервис ARD

По одлуката за Brexit, расположението на германските граѓани кон Европската унија, се подобрило, заклучува ARD.

Според споменатото истражување на јавното мнение, 52 отсто од испитаниците сметаат дека членството во ЕУ носи повеќе предности отколку што има недостатоци, Тоа е 13 отсто повеќе отколку пред референдумот во Велика Британија на 23-ти јуни, и е првпат повеќето Германци да сметаат дека членството во ЕУ е позитивно.

Во 1999 година само 20 отсто од испитаниците сметале дека членството на Германија во ЕУ донесува повеќе предности.

Истата анкета покажала дека само 11 отсто од испитаниците сметаат дека членството во ЕУ за Германија има повеќе недостатоци, а 36 проценти дека предностите и недостатоците се еднакви. Покрај тоа, 79 отсто од анкетираните сметаат дека членството на нивната земја позитивно влијае врз економскиот развој на Германија.

Во прилогот се одбележува и дека анкетата покажала пад на популарноста на десната европскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто сега има поддршка од 12 отсто, односно 3 отсто помалку од последната ваква анкета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП