9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгромен скок на извозот, Словенците тријат раце

Огромен скок на извозот, Словенците тријат раце

1693685082577f7a7edbea9830551304_w640

Словенечкиот извоз на стока скокна во месец мај оваа година за 7,1 проценти на 2,1 милијарди евра, додека увозот порасна за 7,3 проценти, на 2,03 милијарди.

Тоа го покажаа прелиминарните податоци кои ги објави Заводот за статистика на Словенија.

Покриеноста на увозот со извозот изнесува 103,6 проценти, пренесува словенечката агенција СТА.

Државите членки на ЕУ учествуваат во словенечкиот извоз со речиси 78 проценти, а во увозот со 83 проценти, покажуваат статистичките податоци.

Германија и Италија се главни трговски партнери од ЕУ во извештајниот период, а најголем увоз од земјите надвор од ЕУ е остварен од Кина, додека Србија била главен извозен пазар за словенечката стока надвор од ЕУ.

Во првите пет месеци од 2016 година, извозот изнесувал 10,27 милијарди евра, што е за 4,9 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, а увозот пораснал за 1,5 проценти на 9,76 милијарди евра, што дава трговски суфицит од 512 милиони евра, наведува словенечката новинска агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП