28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова еврообврзница од 650 милиони евра

Нова еврообврзница од 650 милиони евра

evro

Македонската Влада одлучи да се задолжи со нова еврообврзница во износ од 650 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и следната година и рефинансирање на старите долгови.

Новото задолжување ќе се реализира оваа година и ќе се отплаќа во наредните 10 години преку посредништво на германската Дојче банк во Лондон.

Првата еврообврзница Македонија ја издаде во 2005 година, кога се задолжи за 150 милиони евра. Во 2009 година беше издадена еврообврзница од 175 милиони евра, а во 2014 година од 500 милиони евра. Четвртата еврообврзница е издадена минатата година на износ од 270 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП