9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај издадени 292 одобренија за градење

Во мај издадени 292 одобренија за градење

gradeznistvo 2929

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 се издадени 292 одобренија за градење што е за 57.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 970 915 илјади денари што е за 13.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55.8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.3%) за објекти од нискоградба и 96 (32.9%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 182 (62.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (37.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 750 станови со вкупна корисна површина од 63 183 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП