Во вчерашниот трговски ден кој заврши со вкупен промет од околу 17,48 милиони денари, фокусот на инвеститорите беше насочен кон акциите на Комерцијална АД и НЛБ Банка АД Скопје кои беа единствените „милионери” на денот.
Истргувани беа вкупно 2.048 акции од Комерцијална банка АД преку 16 трансакции и 350 акции од НЛБ Банка АД преку 11 трансакции. Вкупно остварениот промет од овие акции беше 4.564.967 денари за акциите на Комерцијална банка и промет од 2.380.166 денари за акциите НЛБ Банка.
Денес на листата на губитници повтoрно беше празнa, наспроти неа на добитничката листа највисоките места ги зазедоа следните акции: челното место го имаше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со раст од 1,26 отсто и просечна вредност на акцијата од 2.228,99 денари.
Веднаш зад неа се рангираа акциите на Охридска банка АД Скопје со незначителен раст од 0,83 отсто и просечна вредност на акцијата од 2.299 денари и Топлификација АД Скопје со раст од 0,78 отсто и просечна вредност на акцијата од 548,89 денари.
За обврзниците РМДЕН15 денес имаше повторно голем интерес, па така вкупниот промет со нив изнесуваше 9.127.160 денари. Останатите обврзници РМДЕН13 и РМДЕН14 остварија заеднички промет од околу половина милион денари.
Индексите МБИ-10 и ОМБ денот го завршија со раст од 0,25 отсто, и 0,50 отсто, и нивната вредност на крајот од денот беше 1.784,57 индексни поени, и 127,53 соодветно