2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ сака да воведе санкции на Шпанија и Португалија поради буџетските дефицити

ЕУ сака да воведе санкции на Шпанија и Португалија поради буџетските дефицити

euslika

Европската унија сака да воведе санкции на Шпанија и Португалија поради неисполнување на ограничувањата за буџетските дефицити. Тоа би било чекор без преседан во наметнувањето на правилата создадени со цел да се спречи нова должничка криза, пишува „Bloomberg“.

„Двете земји се отстранија од патеката кон исправување на прекумерните дефицити и не ги постигнале буџетските цели. Намалувањето на високите нивоа на дефицит и долг е предуслов за одржлив економски раст и во двете земји“, вели заменик-претседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.

Министрите за финансии на ЕУ, кои ќе се состанат во Брисел во текот на следната недела, сега треба да одлучат дали да го прифатат предлогот. Ако препораката биде одобрена, комисијата ќе има 20 дена да предложи казни и запирање на некои европски регионални фондови. Казните може да бидат намалени или откажани поради „исклучителни економски предуслови“ или образложено барање, се вели во соопштението.

ЕУ тежнее кон потребата од примена на буџетските правила во позадина на пошироките апели да ја зајакне својата поддршка за блокот по одлуката на Велика Британија да излезе од него. Поради постојните економски работи на Шпанија, Луис де Гуиндос е категоричен дека санкциите против неговата земја ќе бидат неразумни, бидејќи владата работи за исправување на економијата по финансиската криза.

„Овие правила содржат одредена флексибилност, но во овој случај флексибилноста веќе беше користена. Кога ќе ги погледнам бројките, навистина треба да заклучам дека Шпанија и Португалија имаат направено премалку“, рече Јaроен Дијселблоем, холандскиот министер за финансии, кој ја води групата на колегите.

Поведување постапка за санкции за земјите од Пиринејскиот полуостров може да биде контроверзно прашање. Ова се должи на фактот дека иако други земји, вклучувајќи ги Франција и Италија, добија предупредувања во последните години за неисполнети цели по дефицитот или долговите, засега ниту една не била санкционирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП