5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПобарувачката за возилата на Lamborghini никогаш не била поголема

Побарувачката за возилата на Lamborghini никогаш не била поголема

lam lam 22

Италијанскиот производител само во јуни продаде 416 суперспортски автомобили, додека за прв пат во својата историја во првата половина од годината на купувачите им испорача преку 2.000 возила.

Компанијата соопшти дека во првите шест месеци од 2016-та продала 2.013 возила. Само за споредба, тој број е приближен на продадени „Lamborghini“ автомобили во цела 2012-та година.

Растот на продажбата во првата половина од 2016-та изнесува 7%, во однос на истиот период од 2015-та, кога на купувачите им беа испорачани 1.882 примероци. Интересно е тоа што побарувачката е речиси идентична во трите главни региони – американскиот, азиско-пацифичкиот и „EMEA“ регионот кој ги опфаќа Европа, Блискиот исток и Африка.

Во првите шест месеци најмногу е продаван најпопуларниот модел „Huracan“, кој во тој период доби 1.370 нови сопственици. „Huracan“, кој беше претставен во 2014-та година, како наследник на дотогаш најпродаваниот модел „Gallardо“’, во првите две години убедливо го надмина својот претходник во продажбата.

Имено во првите 24 месеци од претставувањето, бројот на продадени примероци на „Huracan“ беше 87 отсто поголем отколку бројот на испорачани возила од моделот „Gallardo“ во првите две години од неговата продажба.

„Aventador“ исто така бележи одлична продажба, па во првата половина од 2016-та до купувачите пристигнаа 643 примероци од овој модел. „Aventador“ на пазарот е речиси пет години, а во тој период исто така го надмина својот претходник, „Murcielago“, и тоа за дури 127%.

Во „Lamborghini“ се охрабрени од овие бројки, но не се задоволуваат од досегашните резултати и очекуваат лансирањето на третиот модел, кросовертот „Urus“ (2018-та), двојно да ја зголеми моменталната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП