17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард : Мали шанси глобалната економија да падне во рецесија

Лагард : Мали шанси глобалната економија да падне во рецесија

лагард-магард

Мали се шансите глобалната економија да падне во рецесија, и покрај економското влијание на шокантната одлука на Велика Британија да излезе од Европската унија, изјави денес директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Лагард во интервјуто за агенцијата Франс прес, истакна дека исто така во голема мера зависи од Британија и дека е потребно Европската унија забрзано да изгради јасна рамка и временски период за разделување кое ќе ја елиминира неизвесноста.

Неопходно е Европската унија да биде потранспарентна после Брегзит, наведе таа.

Лагард исто така се заврти кон работата на својата институција, наведувајќи дека ММФ мора подобро да им служи на „губитниците“ во процесот на глобализација.

„Глобализацијата донесе доста добри нешта и извлече многу луѓе од сиромаштија, но исто така произведе и губитници, луѓе кои ги изгубиле работните места поради поевтините ланци за снабдување“, изјави Лагард.

На губитниците мора да им се помогне, а ММФ ќе продолжи да им дава поголемо внимание на прашањата како што е растечката нееднаквост, зајакнувањето на жените, климатските промени и корупцијата, порача шефицата на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП