11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: 2016-та година ќе биде рекордна според намалувањата на кредитните рејтинзи

Fitch: 2016-та година ќе биде рекордна според намалувањата на кредитните рејтинзи

fitch-ratings

2016-та ќе биде рекордна година според намалувањата на кредитните рејтинзи наметнати главно поради ефектот од пониските цени на стоките, објави „CNBC“, повикувајќи се на агенцијата за рејтинг „Fitch Ratings“.

„Fitch“ – една од трите главни рејтинг агенции, го намали рејтингот на 15 земји во првата половина од 2016-та година. Во прилог 22 земји добија негативна перспектива за економијата, што значи дека има потенцијален ризик од намалување во иднина.

За споредба, највисоки нивоа на намалување на кредитниот рејтинг имаше во 2011-та година, кога во текот на целата година вкупно 20 земји се разделија со најдобрит рејтинг. Тоа значи дека оваа година е на пат да постави рекорд за намалување на кредитните проценки.

А причина за тоа продолжува да бидат ниските цени на стоките. Оваа година „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на голем дел од нафтените производители, меѓу кои Нигерија, Казахстан, Саудиска Арабија и Бразил. Агенцијата, исто така го преиспита рејтингот на Велика Британија по гласањето за напуштање на ЕУ.

Оценките на седум од десет економии зависат од стоките, па поради тоа беа намалени или добија негативна перспектива според анализите на „Fitch“. Сите тие се на новите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП