18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на дуо пијано Божиновска – Ќека во Прилеп

Концерт на дуо пијано Божиновска – Ќека во Прилеп

дуо-кон

Денес, во 20 часот, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“, целовечерен концерт ќе одржи Дуо Пијано Маја Божиновска и Мимоза Ќека.

На програмата се дела од Шуберт, Дебиси, Рахмањинов.

Концертот е во рамките на традиционалната манифестација Прилепско културно лето што ја организира ЦК,,Марко Цепенков,,.

Маја Божиновска има дипломирано на ФМУ во Скопје отсек пијано во класата на проф. Тодор Светиев. Работи како професор во државното музичко училиште во Битола. Има реализирано бројни концерти а учествувала и на повеќе натпревари. Со Мимоза Ќука настапува како Дуо пијано.

Маја Ќука има дипломирано на ФМУ, отсек пијано во класата на проф. Тодор Светиев. Има учествувано на повеќе семинари кај познати пијанисти, а се усовршуала во реномираната Академија Muzicale Chigiana, во Сиена, Италија. Имала и завршен настап во рамките на семинарот. Од 2015 година работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП