8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ одобри кредитна линија од 5,3 милијарди долари за Ирак

ММФ одобри кредитна линија од 5,3 милијарди долари за Ирак

irak pomos mmf

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри кредитна линија од 5,3 милијарди долари за Ирак со цел да ги поддржи финансиите на земјата, која е погодена од падот на цените на нафтата и конфликтот со „Исламска држава“.

Багдад ќе добие веднаш 634 милиони долари од тригодишниот заем. Земјата ќе треба да изврши економски реформи за да ги добие останатите транши од заемот.

Ирак ќе се фокусира и на одржувањето на валутниот борд на локалната валута, која е обврзана со американскиот долар, додека ќе треба постепено да се елиминираат некои ограничувања при размената на валутата.

Програмата ќе вклучува фискална консолидација, насочена кон намалување на неефикасните капитални трошоци. Паралелно со ова, сепак треба да се заштитат социјалните трошоци, посочуваат од ММФ.

Фондот наведува дека економијата на Ирак е намалена за 2,4% во минатата година и покрај 13-процентното зголемување на производството на нафта. Непетролниот сектор се намалил за 19% поради конфликтот со „Исламска држава“ и континуираната фискална консолидација, посочуваат од ММФ.

„Исламска држава“ контролира дел од територијата на Ирак и ја презеде одговорноста за бројни напади во остатокот од земјата, вклучувајќи го и овој од неделата во Багдад, што зеде околу 300 жртви.

Во јули 2015-та година ММФ веќе и одобри на земјата заем од 1,2 милијарди долари за стабилизирање на јавните финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП