13 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНовата мобилна игра на Nintendo ги зголеми акциите на компанијата за 10%

Новата мобилна игра на Nintendo ги зголеми акциите на компанијата за 10%

nin 99

Акциите на јапонската компанија за игри „Nintendo“ поскапеа со повеќе од 10% благодарение на очекувањата поврзани со нејзината мобилна игра „Pokemon GO“, пренесува „Ројтерс“.

Минатата година „Nintendo“ изјави дека најверојатно ќе влезе на пазарот на мобилни игри. Компанијата најпосле ги послуша барањата на инвеститорите во позадина на промената на потрошувачките навики. Така таа се насочи подалеку од својот традиционален бизнис со конзоли кон едноставни и бесплатни игри за симнување за мобилните уреди.

Првиот нејзин мобилен производ од овој вид – играта „Miitomo“, повеќе наликува на апликација за социјални мрежи. Таа ги остави инвеститорите и симпатизерите во очекување на игра базирана на најпопуларните франшизи на компанијата, како „Super Mario Bros“.

„Pokemon GO“ беше најпревземана бесплатна апликација во „iTunes“ на „Apple“ во четвртокот вечерта и е инсталирана на меѓу 50.000 и 100.000 „Android“ уреди.

Компанијата вети дека ќе пушти уште четири игри за паметни телефони во оваа фискална година. За да го промовира својот проблематичен бизнис со конзоли, „Nintendo“ планира да го претстави следниот таков уред во март 2017-та година, откри претседателот Тацуми Кимишима во април.

Акциите на „Nintendo“ последно се тргуваа со раст од 9% до 16.290 јени, највисоко ниво од повеќе од два месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП