15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорисничката доверба во Британија забележа остар пад

Корисничката доверба во Британија забележа остар пад

uk cosumer3

Корисничката доверба во Велика Британија се намалува со остра стапка по 21 година, откако мнозинството Британци гласаа за излегувањето на земјата од Европската унија, соопшти „ВВС“.

Компанијата за истражување на пазарот „GfK“ спровела онлајн анкета меѓу 2.000 лица, откако беше познат резултатот од гласањето. Индексот за корисничката доверба се намалува со 8 поени до -9 што не се случило од декември 1994-та година.

Пониската корисничка доверба ги принудува луѓето да ги намалат трошоците, имено потрошувачката генерира околу две третини од британскиот БДП.

Покрај тоа показателот се следи внимателно од Англиската централна банка, што се однесува до монетарната политика. Гувернерот Марк Карни веќе предупреди дека изгледите пред економијата се полни со предизвици по резултатите од референдумот.

60% од учесниците во анкетата очекуваат во целина економската ситуација да се влоши во текот на следната година. За споредба, во јуни оваа бројка беше 46%. Само 20% очекуваат подобрување во позадина на 27% од минатиот месец.

Нагло се зголемува процентот на луѓето кои очекуваат цените да се зголемат нагло во следните 12 месеци: од 13% во јуни до 33%.

Постојат и регионални разлики во падот на корисничката доверба: Во Северна Англија падот е 19 поени, а во Шкотска – 11 поени. Во Јужна Англија падот е само 2 поени.

Истражувањето е спроведено од 30-ти јуни до 5-ти јули.

Официјалните економски податоци од Националната статистичка служба, кои ќе влијаат на последиците од референдумот, може да се очекуваат во август, посочува „ВВС“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП