23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата повторно го надмина нивото од 49 долари

Нафтата повторно го надмина нивото од 49 долари

nafta-mafta

Цената на нафтата повторно во четврток на меѓународните берзи го надмина нивото од 49 долари, поткрепена од поголемиот пад на резервите во САД и слабиот долар.

На лондонската берза цената на барелот порасна 70 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,50 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 65 центи повисока цена, од 48,08 долари.

Според толкувањето на трговците, цените денеска најмногу порасна благодарејќи на извештајот на Американскиот институт за нафта, што покажа пад на резервите на сурова нафта минатата недела за 6,7 милиони барели. Се намалиле резервите на дизелот и бензинот, покажува извештајот објавен во средата.

Дополнителна поддршка на цените на нафтата пружи и слабиот долар, што ја јакне куповната моќ на имателите на останатите валути, а со тоа и побарувачката за нафта.

Азиската побарувачка за сурова нафта забавува, а според некои показатели дури и паѓа, што учесниците на берзите го објаснуваат со забавувањето на економскиот раст, а можеби и со трајни структурни промени.

Разочара и германското индустриско производство, кое во мај неочекувано падна на месечно ниво најмногу од август 2014 година, сигнализира дека најголемата европска економија можеби забавува по неочекувано силниот почеток на годината.

„Растот повторно забавува…и ситуацијата не е сосем розова“, наведува банката HSBC во белешката до клиентите.

Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) денеска објави дека просечната цена на нејзината нафта вчера изнесувала 44,35 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП