4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку заблуди за претприемачите

Неколку заблуди за претприемачите

pretpri1545445646

Мислите ли дека претприемачите имаат живот од бајките? Живот каде не мора да останат цел ден на работа, бидејќи има други што работат за нив?

Претприемачкиот свет воопшто не е таков и не треба да биде. Целта не ни е обесхрабрување, но прочитајте неколку невистини и заблуди кои претприемачите (и другите луѓе) најчесто си ги замислуваат.

1. Ќе бидете неверојатно успешни – вие не сте идниот Марк Цукерберг. Ако мислите дека ќе седнете и ќе креирате нова социјална мрежа, преку која ќе заработувате милијарда долари во рок од 10 години, тоа нема да се случи. Бидете самоуверени, но не и да се залажувате себеси.

2. Ќе имате флексибилен работен распоред – ако поседувате сопствена компанија, не значи дека ќе подработувате 3-4 часа дневно и потоа ќе си одите дома а притоа имајќи на ум дека компанијата ќе работи успешно во ваше отсуство. Ако не сте подготвен да работите и прекувремено, можеби не треба да сте претприемач.

3. Ќе можете да ја оставите работата кога и како сакате – сепак сте директор, нели? Мислите дека можете да се забавувате во работни денови а за викенд да отпатувате некаде? Не, ако сериозно сте размислувале за бизнисот. После се, што ви е поважно? Да пиете со вашите пријатели или да генерирате приходи преку кои ќе си ги платите сметките наредните неколку месеци?

4. Работењето од дома значи дека ќе имате време и за врска, за миленици, за работа низ домот и сл. – погрешно. Ако работите од дома, работите во т.н „свет во кој никогаш ништо нема да завршите“. Разделете го домот од работата, така е попрактично.

5. Сите сакаат да бидат како вас – да, повеќето луѓе не го сакаат она што го работаат, и да, можеби сакаат да бидат како вас и да мислат дека со многу малку работа може да постигнете буквално се, но вие и сами знаете дека е потребено многу повеќе труд од тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП